26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Индиски авион удрил во ограда при полетување

Патнички авион кој полетал од јужниот индиски град Тричи со крајна дестинација Дубаи, претрпел штета откако леталото при полетувањето удрило во ѕид од оградата на аеродромот, објави Би-би-си.

Летот „Ер Индија 9 611“ кој превезувал 130 патници и шест членови на екипажот, потоа бил пренасочен кон Мумбај, каде што безбедно слетал.

Авиокомпанијата „Ер Индија“ соопшти дека двајцата пилоти, кои имаат повеќе од 6.500 часови од летачко искуство зад нив се обвинети и во очекување на истрага.

„Ер Индија“ е национален авиопревозник во оваа земја.

Авиокомпанијата соопшти дека авионот „Боинг 737“ полетал од аеродромот во Тричи, јужна Индија, рано во петокот, кога официјалните лица на аеродромот забележале дека авионот најверојатно дошол во контакт со ѕид од оградата на аеродромот.

При контактот, авионот претрпел минимална штета.