25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

36.000 луѓе аплицирале за функцијата министер во новата влада на Ирак

Иранските власти соопштија дека за функцијата министер во новата ирачка влада добиле апликации од 36.000 луѓе, од кои 15 отсто меѓунив се жени, и дека властите ќе разгледаат 9.317 пријави или апликации кои ги исполнуваат прелиминарните услови.

Новоизбраниот претседател на Ирак, Бехрам Салих за мандатар за состав на новата влада го назначи шиитски политичар Адил Абдул Махди, кој во својата полтичка кариера ги има претставувано различните политички правци, и се претставува како независен поединец на политичката сцена.

Абдул Махди веќе работи на подготовка на новиот владин кабинет, а во понеделникот објави јавен повик до сите граѓани на официјалниот сајт за аплицирање за позицијата – министер во неговата влада.

Високи позиции во владата, вклучувајќи и министерски места се отворени за сите жени и мажи, граѓаните на Ирак кои ги исполнуваат основните уставни предуслови за вршење јавна функција може да се пријават, рече Абдул Махди, во несекојдневниот конкурс кој е еден од првите чекори во неговата намера да дојде до смирување на два ривалски шиитски групи кои во исто време тврдат дека имаат мнозинство во парламентот.

Во текот на три дена, за министери во владата се регистрирале 36.000 лица, а од кабинетот на мандатарот се вели во соопштението дека ќе се разгледаат 9.317 апликации кои ги исполнуваат прелиминарните услови.

Во соопштението се наведува и дека 97% од апликантите тврделе дека не се членови на ниту една ирачка партија, а околу 23% од кандидатите со високо стручно образование.