20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
МАКЕДОНИЈА

Автобус полн со Македонци имаше страшна несреќа во Австрија – Со болнички се носат многумината повредени

Двајца македонски државјани се потешко повредени, откако автобусот со кој патувале доживеал сообраќајна незгода во Австрија, информираат од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, откако стапиле во контакт со македонската амбасада во Виена.

Како што информираат од МНР, во автобусот имало 18 македонски државјани. Покрај двајцата потешко повредени кои не се во животна опасност, шестмина од патниците минале со полесни повреди.

Од Министерството најавуваат и потемелен извештај откако во Австрија ќе биде завршен увидот на местото на несреќата.