8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија пушти пипци во Европа, се закануваат нови 90-ти

Руското влијание во Европа е во пораст, но иако е најочигледно на Балканот, јакнењето на популизмот во Централна Европа и` користело на Москва, ставајќи ги во прв план политичарите и партиите во земјите како Унгарија, Австрија и Чешка, анализира „Асошиејтед прес“.

Една недела пред изборите во БиХ, како што се наведува, лидерот на Република Српска, Милорад Додик, беше во Москва, на трка на формула 1 и на состанок со претседателот Владимир Путин. Тогаш, како што наведува АП, Путин му посакал голем успех на Додик на изборите и за подарок добил беџ со Република Српска.

Додик, кој се залага за отцепување на Република Српска, во меѓувреме победи на изборите за српски член на претседателството на БиХ и се смета дека тоа ќе ја зајакне позицијата на Москва на Западен Балкан, бидејќи сега се наоѓа на функција од која може да блокира каква било стратешка одлука. Поради неговите ставови, Додик се наоѓа под американски санкции, се додава во анализата.

Во продолжение се наведува дека Русија се противи на членство на балканските држави во НАТО, а западните претставници изразуваат страв дека Москва во регионот користи историски словенски и прасловенски врски за да продре до западната политика.

Тензиите, оценува АП, се во пораст меѓу Србија и Косово, наспроти дијалогот во Брисел за политичко решение. Во Македонија, пак, наспроти надежите на САД и ЕУ за брзо прифаќање на договорот со Грција за промена на името, референдумот за тоа прашање пропадна поради слаб одѕив. Тоа предизвика нови стравови од нестабилност во земјата, која во 2001 година беше на работ на граѓанска војна, анализира АП.

Спонзорирано: