14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грците им нудат на Американците да отворат уште три воени бази

Грчкиот министер за одбрана, Панос Каменос, им понуди на САД да отворат три постојани воени бази во Грција, каде што засега имаат само една, поморска, во Суда на Крит.

Каменос го кажа тоа минатата ноќ на состанокот во Вашингтон со американскиот колега Џејмс Матис, пренесува атинскиот „Катимерини“, но не е наведено како Матис ја примил таа понуда.

„Грција ги смета САД за стратешки партнер и сојузник, се осмелувам да кажам: и единствен. За Грција, важно е САД постојано да ги распоредуваат своите воени сили на нејзина територија, не само во Суда туку и во Волос, Лариса и Александропулос (град што е блиску до турската граница)“, рече Каменос.

Споменувањето на пристанишниот град Александропулос не е случајно, пишува весникот, бидејќи овој град веќе се користи од страна на американската војска за да ги промовира своите хеликоптери во Источна Европа.

Спонзорирано: