10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

И Гаши и Касами од Беса на средба со британската амбасадорка

И Африм Гаши и Билал Касами – како лидери на Движењето Беса, денеска оствариле средба со британската амбасадорка Рејчел Галовеј.

Средбата со Гаши била реализирана во централното седиште на Движењето Беса во Скопје. Како што се наведува во соопштението, тема на дискусија на оваа средба беше актуелната политичка ситуација и начините за излез од оваа криза. „Претседателот Гаши најпрвин ѝ се заблагодари на Велика Британија за придонесот и дадената поддршка во текот на овој процес и ја увери амбасадорката дека Движењето Беса прави сè што е во нејзина можност да се надмине кризата и да се почне со имплементација на преспанскиот договор. Претседателот Гаши исто така уште еднаш го изрази ставот дека Движењето Беса е спремна да ги гласа уставните измени во Собранието, кои извираат од преспанскиот договор“, се наведува во соопштението.

Претходно и Билал Касами, како претседател на Движењето Беса, придружуван од потпреседателот Кастриот Реџепи и пратеничката Теута Билали, ја пречекале амбасадорката на Велика Британија, Ракел Галовеј, придружувана од политичкиот советник Јан Краман.
За време на средбата се разговарало за актуелната политичка состојба и следните чекори што ја очекуваат земјата по референдумот.

„Претседателот Касами ја информира амбасадорката Галовеј дека Движењето Беса во овие процеси го поставила државниот интерес над партискиот со максимален придонес кон интегративните процеси во НАТО и ЕУ. За Движењето Беса, многу е важно актуелниот состав во парламентот да ја исполни обврската од страна на народните избраници во заокружување на уставните промени произлезени од преспанскиот договор. За време на овој процес преку своите пратеници Движењето Беса ќе се ангажира со предлог-амадмани и во деловите за целосно исполнување на правата на Албанците во земјата“, се наведува во соопштението.

Касами истакнал дека актуелната Влада треба да има инклузивен пристап за време на процесот и сите решенија да ги хармонизира во консултација со опозицијата, особено во албанскиот блок, имајќи предвид дека на последните избори таа добила повеќе гласови од партиите што се дел на владината коалиција.

Спонзорирано: