20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фотографија на Centar.mk. Секое копирање подлежни на кривична одговорност согласно Законот за авторски права.
БИЗНИС

Владата со супер вест за ресенските јаболкари: 3 денари субвенција за секое кило продадено индустриско јаболко

Мерка која што досега никогаш не била донесена низ минатото.

Владата на денешната седница донесе одлука за воведување на нова интервентна субвенција за производителите на јаболка. Конкретно, производителите на јаболко кои ќе го предадат своето производство кај регистрирани откупувачи, ќе добијат субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка. Условот за добивање на оваа нова субвенција, е родот да е предаден најдоцна до 25 декември годинава по цена не повисока од 5 денари за килограм.

Владата ја донесе оваа одлука со цел да им се излезе во пресерет на производителите на јаболка особено во преспанскиот регион, кои претрпеа големи штети врз производството поради временските непогоди. Имено, поради направените штети од временските непогоди (град) во преспанскиот регион каде што има засадено поголеми површини со јаболко и има оштетување на голем дел од плодот, економската вредност на родот е намалена и истиот може да се употреби исклучиво за индустриска преработка.

Поради овие причини, проценките се дека поголема количина на индустриско јаболко нема да може целосно да се преработи во преработувачките капацитети. Затоа, со цел да се овозможи откуп на целата количина, Владата одлучи да се воведе оваа нова субвенција од 3 денари за килограм за производителите на јаболко кои ќе го предадат родот кај регистриран откупувач.

Со новата субвенција не само што ќе им се овозможи на земјоделците да имаат рентабилно производство, туку ќе се создадат услови и за откуп на целата количина произведени јаболка.

Оваа нова мерка е резултат на повеќето средби кои министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со тимот од МЗШВ, ги одржа изминатиов период со производителите и откупувачите на јаболка, а се со цел изнаоѓање на соодветно решение.

Инаку МЗШВ го стимулира развојот на овоштарството и преку мерките во Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2018 година. Конкретно, оваа година за 20 отсто се зголемени субвенциите за одржување на овошни насади за земјоделците со развоен потенцијал. За реконструкција кај овошните насади особено кај јаболката за промена на асортимент се воведе нова поголема субвенција од 9.900 денари. За промена на производство од житни во овошни култури земјоделците ќе добијат 30 отсто повисока субвенција по хектар. Дополнително, во годинешната Програма субвенцијата за предадено овошје во преработувачки капацитети за овошје е зголемена од 2 на 3 денари за килограм.Денешната нова субвенција е петта мерка која Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство ја носи за овоштарството.

Овие мерки се дополнително мотивирачки за развој на овоштарството, односно производството на јаболка.

Спонзорирано: