20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото pixabay / илустрација
СВЕТ

„„Блиц“: Двајца македонски државјани меѓу загинатите во верижниот судар во Србија

Двајца македонски државјани се меѓу загинатите во верижниот судар што се случи денеска на автопатот Белград – Ниш, на потегот меѓу градовите Ќуприја и Јагодина, објави српски „Блиц“.

Покрај македонските државјани, според пишувањето на „Блиц“ загинале и пет српски државјани.

Во сообраќајната несреќа, според информациите со кои располага српското Министерство за внатрешни работи, повредени се 27 лица кои се пренесени во болниците во Јагодина и Ќуприја.

Во сообраќајката учествувале 34 возила. Причина за несреќата е густата магла.

Спонзорирано: