5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Дали ВМРО ДПМНЕ и официјално и’ сврти грб на меѓународната заедница?: Мицкоски побара Заев да се откаже од Преспанскиот договор

ВМРО-ДПМНЕ предлага да се формира ново обвинителство по евентуалните предвремени избори за сузбивање на организираниот криминал и корупција и кое, меѓу другото, ќе ги доистражи прислушуваните материјали кои се во рацете на специјалното јавно обвинителство. Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, рече дека обвинителството би го заменило специјалното јавно обвинителство по завршување на неговиот мандат и ќе го испитува и периодот на работење на актуелната Влада.

„Заев веднаш да се откаже од договорот со Грција и тогаш ајде на избори па народот да одлучи. Притоа ВМРО-ДПМНЕ после изборите ќе поддржи создавање на нова обвинителска институција за сузбивање на организираниот криминал и корупција веднаш по завршување на мандатот на постојното политизирано СЈО, но овој пат професионализирано и водено од јавен обвинител избран по пат на консензус на партиите кој ќе работи на случаите на постојното СЈО, а воедно ќе има и можност да ги доиспита незаконски прибавените снимени материјали за кои се тврдеше дека поради кусиот мандат не се испитани. Новото обвинителство ќе го испита и периодот на работење на актуелната Влада и сите афери поврзани со Владата вклучително и нерегуларностите на референдумот, но и сите материјали стекнати од незаконското прислушување кои се однесуваат на Зоран Заев и СДСМ“, рече Мицкоски.

Според него, ако Владата нема што да крие, ќе го прифати ваквиот предлог.

Во врска со пресудата за поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и дали се точни шпекулациите дека некој од власта им нуди нешто на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во замена за амнестија на Груевски, Мицкоски не даде конкретен одговор.

„Самиот факт што во јавноста постои сомнеж дека некој од Владата тргува со правото и правдината, говори дека во оваа држава ниту има правда ниту има правдина, така што не би го коментирал сето она што во моментов се случува во РМ“, рече Мицкоски.

Тој ги повтори барањата за избор на јавен обвинител на предлог на опозицијата, Пржинска влада техничка влада иста каква што имаа СДСМ пред изборите во 2016 година и Анкетна комсија за испитување на нерегуларностите на референдумот.

Спонзорирано: