14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трагедија пред дуќан: Му се слошило, паднал и починал

Гостиварец починал пред столарска работилница, каде му се слошило. Според полицијата, вчера во 12.20 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека околу 12 часот во Гостивар пред столарска работилница на улица „Васил Василески“, сопственост на Љ.М.(75), починал Л.К.(63) од Гостивар.

Тој, според пријавеното, дошол да земе отпаден материјал од обработката на дрвата, му се слошило и починал. Смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Спонзорирано: