17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Папата Франциско: Црквата ги оддалечува младите од себе и тоа мора да се промени

Папата Франциско денеска го отвори синодот на бискупите од целиот свет, повикувајќи на трансформација на парализирачките структури на Црквата кои ги дистанцираат младите.

Папата држеше миса на плоштадот Свети Петар, со што почна четиринеделниот синод посветен на младите и ги поздрави двајцата епископи од континентална Кина, кои за првпат се на синодот. На крајот од мисата беше изречена кратка молитва на повеќе јазици, вклучувајќи го и кинескиот.

„Почнуваме нов состанок на Црквата што може да ги прошири нашите хоризонти и да ги трансформира структурите кои денес нѐ парализираат, делат и ги дистанцираат младите, оставајќи ги изложени на тешкотии и без верска заедница што ги поддржува“, рече папата.

Папата Франциско, кој ќе го води синодот, назначи четири делегати од остатокот од светот, односно кардинали од Ирак, Мадагаскар, Мјанмар и Папуа Нова Гвинеја, земји со висок процент на млади луѓе кои се соочуваат со сиромаштија, конфликти или статус на верско малцинство.

Спонзорирано: