14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Страшно невреме во регионот: Поплавени куќи и патишта, се слушаат сирени на пожарникарни

Силно невреме ноќеска го зафати хрватскиот град Дубровник и околината. По поројните врнежи од дожд, поплавени се улиците во поголемиот дел од градот, а водата навлегла и во неколку станови и куќи.

Пожарникарите за само три часа, од 4 до 7 часот, имале 30 интервенции за испумпување вода од домовите, јавуваат хрватските медиуми. Проблеми има и на магистралните патишта, а надлежните предупредуваат и на одрони.

Освен во Дубровник, времето е нестабилно и во другите делови од Хрватска. Врнежи од дожд има во повеќе градови, а има и силен ветер поради кој се затворени многу патишта.

Во прекин е и морскиот сообраќај на линијата од Новаља – Таб – Риека, како и линијата Мали Лошињ – Црес – Риека и траектната линија Призна – Жигљен.

Метеоролозите за денеска во Хрватска најавија постабилно време и разведрување од попладневните часови.

Спонзорирано: