17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се урна руски хеликоптер, две лица загинаа

Две лица загинаа откако руски хеликоптер се урна во река во регионот Иркустук, соопшти регионалниот центар за вонредни ситуации.

„На терен излегоа припадници на локалното министерство за вонредни ситуаци. Хеликоптерот паднал в река, две лица го загубија животот”, изјави дежурното лице на локалната институција за ТАСС.

Претходно беше објавено дека хеликоптерот што го користи рударската компанија „Витим“ исчезнал.

Според првите информации, хеликоптерот се урнал откако удрил во далновод.

Спасувачките тимови и хеликоптер МИ-8 се на местото на несреќата.

Спонзорирано: