12.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација / Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Страшна сообраќајка во Ресен, има повредени

Две лица се повредени откако се превртел трактор на магистралниот пат Ресен – Охрид. Несреќата се случила вчера во 8,35 часот во село Јанковец, Ресенско.

Ј.Т.(21) од село Јанковец управувајќи трактор „симпсон“ со ресенски регистарски ознаки, на кој имало прикачени самоделски лесни приколки натоварени со дрвени гајби – сандаци за јаболки, се превртел. Во незгодата возачот Ј.Т. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен и задржан на лекување во Клиничка болница Битола, додека сопатничката Л.Т.(55) исто така од село Јанковец, се здобила со телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

Спонзорирано: