21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ со жесток одговор по настаните на Косово

Србија за денешното насилство на Србите во северно Косово реагираше одмерено, мирно и сталожено, но јасно порача дека нема да го толерира, изјави српскиот претседател, Александар Вучиќ во вонредно обраќање до јавноста.

„По трет пат од 26 март на апсолутно непримерен начин е загрозен мирот и се прават обиди од Србија да се добие одговор, што Приштина ќе може да го искорсти, заедно со еден дел од меѓународните организации кои сакаат да ја сатанизираат Србија“, рече Вучиќ.

Тој истакна дека денеска во операција во која учествувале помеѓу 110 и 130 припадници на косовските безбедносни сили, Албанците ги зазеле сообраќајниците и сите објекти во близина на езерото Газивода, брутално малтретирајќи повеќе лица, а четворица ги држеле како заложници. Вучиќ вели дека тие немаат што да бараат на северно Косово со оружје.

Српскиот претседател запраша што воопшто значи договорот со ЕУ и НАТО ако Приштина не го почитува.

„Вооружани Албанци во северниот дел на Косово, по постигнат договор, може да се појават само со исполнување на два услови – со одобрение на НАТО и со целосна согласност од локалната српска заедница“, рече Вучиќ.

Тој потсети дека КФОР во првото соопштение рече дека нема информации за присуство на РОСУ, во моментот кога сите знаеле дека тие се во реонот на Газивода. Укажа дека со денешниот акт на специјалната единица РОСУ погазени се повеќе меѓународни договори и документи.

Спонзорирано: