11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тежок удар за Иванов во Њујорк: Кој го напушти говорот на Ѓорге Иванов?

Жерновски се огласи на Фејсбук откако ја напушти салата во ОН кога зборуваше претседателот Иванов и кажа дека нема да гласа на референдумот, кој според него не е обврска туку право на граѓаните.

– Ја напуштив салата на ОН за време на говорот на Иванов, бидејќи не сакаме и нема да дадеме легимитет на неговиот скандалозен настап, полн со манипулации, омраза и создавање непријатели.
Отворениот повик за бојкот на Референдумот и грубата злоупотреба на говорницата, е всушност апел за самоизолација, но и крајна неодговорност кон сегашните и идни генерации. Македонија нема повеќе време за губење !!! Испраќајќи го во историјата и него и неговите ставови, продолжуваме со нашите пријатели и партнери од ЕУ и НАТО да ја градиме, заедно со и за граѓани, заедничката просперитетна иднина, напиша Жерновски.