20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во Скопје 15 сообраќајки и 13 повредени

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле вкупно 15 сообраќајни незгоди од кои осум со лесни телесни повреди и седум со материјална штета. Во сообраќајните незгоди 13 лица се здобиле со лесни телесни повреди.

Од преземените мерки и активности констатирано е дека 45 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 17 возачи од кои: двајца возачи поради тоа што управувале моторно возило под дејство на алкохол, 12 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и тројца возачи затоа што биле возачи-почетници.

Исто така исклучени од сообраќај се и 14 возила бидејќи 13 биле нерегистрирани и едно возило било технички неисправно. Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца поради неправилно престигнување, двајца возачи затоа што не дале првенство на минување на пешаци, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница и четири возачи поради неносење заштитен шлем (кацига).

Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци кои поминале коловоз надвор пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 64 мандатни платни налози, додека 65 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Спонзорирано: