12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Кина: САД ни ставаат „нож под грло“, губиме и едни и други

Продолжувањето на кинеско-американските трговски преговори е тешко откако САД на Кина и ставија „нож под грло”, рече заменик-министерот за трговија на Кина, Ванг Шувен, објави агенцијата „Ројтерс“.

Медиумите додаваат дека Ванг на прес-конференцијата рече дека датумот кога преговорите целосно ќе бидат обновени зависи од „волјата на САД”.

„Не може да се каже дека сите претходни трговски разговори беа бескорисни”, рече Ванг.

„Ројтерс“ наведе дека кинескиот министер за надворешни работи и државен советник, Ванг Ји во Њујорк за време на своето обраќање на состанокот на претставниците на американскиот и кинескиот деловен совет и на Националниот комитет за односи меѓу САД и Кина, оценил дека поради спорот меѓу двете земји и двете страни губат, но додаде и дека преговорите со Вашингтон не можат да се случат под закани и притисок.

Кинеското министерство за надворешни работи соопшти дека Ванг рекол дека одредени сили во САД упатуваат неосновани обвиненија за трговски и безбедносни прашања на сметка на Кина.

Спонзорирано: