17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел: Германија сака Британија да остане поблизу до Унијата

Германија сака таков договор за брегзит што ќе ја задржи Велика Британија што е можно поблизу до Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел.

Меркел, говорејќи пред студентите во Хановер, рече дека постои можност Британија да плати да продолжи да учествува во индивидуални програми на ЕУ, како што е програмата на Унијата за размена на студенти „Еразмус“, но дека клучните прашања како што е границата во Ирска сé уште е комплицирана.

„Сакаме што е можно помалку недостатоци (од брегзит). Ќе бидеме среќни ако Британија сака да плати за континуирано учество во програмата „Еразмус“, а сакаме и начинот на транспорт на стоки да е што е можно помалку комплициран”, рече Меркел.

Германската канцеларка истакна дека е важно да се имплементира брегзитот на пријателски начин, објави „Ројтерс“.

„Ние сакаме врската да биде што е можно попријателска и блиска, колку што е можно поблизу до тоа што и Британците го сакаат”, рече Меркел.