17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тачи: До договор со Србија преку мирна корекција на границите

Заокружувањето на разговорите и постигнувањето на конечен договор помеѓу Косово и Србија е неопходно да се случи во брзо време, а тоа може да се постигне со договор за мирна корекција на границите, оцени претседателот на Косово, Хашим Тачи во авторски текст доставен до медиумите во Приштина.

Тачи посочи дека долгорочната стабилност на Косово неизбежно е поврзана со членството во ОН, НАТО и ЕУ и оцени дека тие цели не можат да бидат исполнети ако во следните месеци не се постигне правно-обврзувачки договор со Србија.

Истакнувајќи дека и самиот смета оти Косово веќе направило доста болни компромиси, Тачи укажа дека реалноста е потврдоглава од тие аргументи.

„Признавањето од страна на Србија е главна препрека на нашиот евроатлански пат. Некој може да каже дека Србија би требала да го признае Косово безусловно, што и јас би го сакал, но дали мислите дека можеме да ги убедиме Србите да го направат тоа? За жал не“, вели Тачи и додава дека тоа нема да успеат да го напарават ни нивните силни сојузници САД, Германија, Англија, Франција, Италија.

Тачи истакна дека поагајќи од овие причини предложил корекција на границата со Србија и аргументира дека евентуален договор за мирна корекција ќе обезбеди признавање од страна на Србија и поврзување со Прешево, Бујановац и Медвеѓе.