19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во напад на талибанците убиени 10 војници и полицајци

Најмалку десет припадници на авганистанските безбедносни сили беа убиени во одвоени напади на талибанците врз авганистанските полициски и воени бази.

Во северозападната провинција Бадгис, убиени беа пет полицајци. Во северната провинција Баглан талибанците нападнаа заедничка воена и полициска база каде убија тројца војници и двајца полицајци, рече генерал Екрамудин Серих, шеф на полицијата во оваа провинција.

Тој додаде дека четворица припадници на безбедносните сили биле повредени за време на нападот.

„Базата е сега под контрола на авганистанските безбедносни сили и во областа е испратено засилување“, рече тој и додаде дека во борбите загинале најмалку 20 талибанци.

Спонзорирано: