12.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Приведени крадци што краделе во цркви и викендици

Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.У.(36), С.Ш.(18) и С.Љ.(19), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле шест кривични дела „тешки кражби“ и против Б.Е.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил едно кривично дело „прикривање“, при што се стекнале со противправна имотна корист од 254.500 денари.

„Тројцата првопријавени делата ги извршиле во периодот од 18.07.2018 до 27.08.2018 година. Првото дело го извршиле во викенд куќа во с.Горњани каде со употреба на сила влегле и одзеле разни предмети за домаќинство, додека останатите пет кражби ги извршиле во црквите Св.Јован во с.Булачани, Св.Троица во с.Чучер, Св.Петка во с.Кучевиште, Св.Недела во с.Кучевишка Бара и во црквата Св.Богородица во с.Бразда.
По извршување на кривичните дела, пријавените дел од украдените предмети му ги продавале на четвртопријавениот Б.Е. – сопственик на див отпад, а дел задржувале за себе или ги продавале на непознати лица“ соопшти МВР.

По преземени мерки пријавените биле пронајдени и приведени. Во разговор во полициска станица ги признале делата.