3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Левица: Работниците од прилепски „Еурокомпозит“ повторно изиграни од Владата

Во екот на скапата референдумска кампања, додека владејачката партија масовно пропагира и ветува правна држава, подобар живот и еднаков просперитет за сите, повторно работникот е заборавен и оставен на маргините да преживува, реагираат од Левица во нивното соопштението до јавноста.

„Владата предводена од СДСМ уште еднаш го прекрши своето ветување за исплата на 16 неисплатени плати на работниците од прилепската фирма ‘Еурокомпозит’, со што се надоврза на целокупното нејзино владеење базирано на празни ветувања за социјална правда, непотизам и корумпирани скандали. Покрај нерешениот проблем со неисплатените плати и придонеси, деновиве беше објавена информацијата дека поради долг наследен од претходното раководство е исклучена струјата во претпријатието, со што работниците се принудени да седат без работа“, стои во соопштението на Левица.

Од партијата додаваат дека првично најавениот протест на вработените со шатори, кој требаше да почне денес, е одложен, откако вицепремиерот Кочо Анѓушев се согласи на повторна средба со претставници од работниците.

„Очигледно продолжува традицијата воспоставена од претходната влада на ВМРО -ДПМНЕ со која ова претпријатие служи само за расипничко збогатување на партиските директори преку разни корумпирани зделки, додека на работниците им е ускратено основното право на достоинствен живот“, се наведува во соопштението на Левица.

Иако работниците, додаваат од партијата, од претставниците на Владата директно побараа финансиска ревизија на досегашното работење на претпријатието, Владата предводена од СДСМ континуирано намерно го игнорира ова барање за да ги заштити своите бизнис-интереси и интересите на своето членство, реагираат од Левица.

Спонзорирано: