5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ЕУ изгласа иницирање нуклеарна опција против Унгарија

Европскиот парламент денеска гласаше за активирање на членот 7 од договорот за ЕУ против Унгарија поради нејзината антимиграциска политика.

Според АП, европратениците одлучија да ја казнат Унгарија на овој начин за поткопување на вредноста на Унијата.

На гласањето му претходеше бурна дебата во ЕП.

Членот 7, исто така познат како нуклеарна опција, во крајна линија би можел да доведе до одземање на правото на глас на обвинетата држава во сите институции на ЕУ. Инаку, првпат беше употребен во декември против Полска.