5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

Димитров: Нема никаков изговор да се бега од оваа одговорност, да излеземе „за“ европска Македонија

Како дел од карванот на коалицијата „Заедно ‘за’ европска Македонија“, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вчера беше во посета на Свети Николе и Штип, каде што имаше средби со граѓани, но имаше и средба со градоначалникот Благој Бочварски.

Димитров, информираат од Владата, се сретнал и со претставници на граѓански невладини организации, а учествувашл и на градска трибина во Штип, каде што се обратил пред граѓаните. Во обраќањето Димитров зборуваше за придобивките од членството во ЕУ и НАТО за сите граѓани и повика на масовен одѕив на претстојниот референдум посочувајќи ја историската одговорност пред сите нас за иднината на земјата.

За време на средбата со невладините организации, на која присуствуваше и градоначалникот Бочварски, Димитров ги слушна предизвиците со кои секојдневно се соочуваат граѓаните на Штип и регионот и рече дека и покрај очекуваните директни придобивки од членството од НАТО и ЕУ, од суштинско значење е локалната самоуправа, како и Владата, бргу да реагираат за решавање на предизвиците со кои се соочуваат граѓаните.

Министерот Димитров во просториите на Општина Свети Никола, пак, се сретна со претставници од локалната бизнис-заедница. Се запозна со нивните дејности и разговараше за административните предизвици со кои тие се соочуваат. Заеднички заклучок беше дека со решавањето на овие предизвици работата на локалните стопанственици ќе се олесни што директно би влијаело врз развојот на тој реон, а се дискутирало и за придобивките од членството во НАТО и ЕУ за бизнис-секторот, информираат од Владата.