17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

ЕУ сака да ја казни Унгарија, Орбан подготвен за одбрана

Европскиот парламент одржува дебата за „дисциплинирање” на Унгарија за антимиграциската политика, а се очекува унгарскиот премиер Виктор Орбан лично да се спротивстави на ставовите на европарламентарците за време на дебатата, бидејќи подготви досие со контрааргументи на 100 страници, цитира Би-би-си.

Известувачот на „Би-би-си“ во Брисел наведува дека сè уште има многу малку индикации дека ќе има некаков заклучок во врска со ова прашање.

Орбан и неговата владејачка партија ФИДЕ тврдат дека многу од обвиненијата од страна на Европскиот парламент веќе долго време се решени.„Би-би-си“ вели дека за каква било дисциплинска постапка против Унгарија потребна е согласност на две третини од европратениците, а гласањето треба да се одржи утре.

Ако пратениците го поддржат започнувањето на акцијата против Будимпешта, Унгарија би можела да биде контролирана од Брисел, но ова може да биде многу бавен процес, констатира британскиот сервис.