17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Еден загинат и многу повредени во “сообраќајка” во Скопје

Во текот на изминатиoт ден (10.09.), на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 13 сообраќајни незгоди од кои една со починато лице, една со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и шест со материјална штета.

При сообраќајните незгоди едно лице починало, едно лице се здобило со тешки телесни повреди и седум со лесни телесни повреди. 48 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 13 возачи бидејќи седум го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца биле возачи почетници и четворица го управувале возилото под дејство на алкохол.

12 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се и пет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, тројца не дале првенство на минување на пешаци, пет неправилно се престроиле, еден неправилно престигнувал и тројца не користел заштитен шлем.

Во однос на пешаците санкционирани се 16 пешаци кои поминале надвор од пешачки премин и еден кој поминал коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 48 мандатни платни налози, додека исто така 43 возила се подигнати со “Пајак”.