17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Српски државјанин повреден во сообраќајка во Скопје

Вчера напладне на улицата „Босна и Херцеговина“ во Скопје, патничко возило „фолксваген шаран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот Џ.А. од Скопје, удрило во пешакот Ф.А.(22) од Србија, со привремен престој во Скопје.

Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекраска помош.