5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈА

ДУИ од Тетово: ДА за НАТО, ДА за Европа

Демократската Унија за Интеграција денеска во спортската сала на Средното Медицинско Училиште „Никола Штејн“ во Тетово, одржа средба во рамките на кампањата за референдумот под мотото „Заедно за Европска Македонија“.

Шефот на штабот за референдумот од ДУИ, Атила Реџепи кажа дека во рамките на кампањата нема да се одлучува за судбината на политичките партии, нема противници и порача дека победникот се знае, а тоа, како што рече, се граѓаните затоа што ова е дамнешна аспирација на Албанците, членство во Северно –Атлантската Алијанса и интеграција во големото европско семејство.

“Сметајќи дека за нас не постои дилемата за тоа дали сме или не во овие структури, мислиме дека ова ќе биде мирна и релаксирана кампања, без тензии, додека денот на изјаснување на референдум масивно ќе се оствари за да не оставиме на страна ниту една дилема во нашата определба, тоа ќе биде свечен акт на манифестација на волјата на нашиот народ кон една природна припадност. На овој начин тој ќе пресуди за интеграцијата во НАТО и Европската Унија“, рече Реџепи.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, порача дека овој пратенички состав ја има честа да биде овластен носител на кампањата за референдумот одреден за 30 септември.

„Демократската Унија за Интеграција од основањето на својот Статут ја има оваа определба и ова визија, приклучување на земјата во евроатланските структури. Со доаѓањето на новата Влада работите се забрзаа и се решија прашањата што беа камен на сопнување во достигнувањето на стратешките цели на нашата земја. Потпишувањето на последниот договор со Република Грција е историски договор, договор кој што ги отвори и ги направи достапни вратите на НАТО и Европската Унија“ истакна Џафери.

Потпретседателот на Владата задолжен за Европски прашања, Бујар Османи, истакна дека денес, земјата се соочува со предизвикот да се донесе одлука која ќе ја одреди нашата иднина и иднината на новите генерации.

„Директни гаранции добивме од канцеларката Меркел, се охрабривме од посетата на Столтенгерг, се охрабривме од посетите на Високите претставници на Соединетите Американски Држави. На 30 септември, Македонија треба јавно да докаже дека сме за НАТО, ЕУ и американскиот народ“ нагласи Османи.
Градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи како домаќин на ова кампања за референдумот пред присутните кажа дека со овој голем идеал се здружиле од времето на основањето на ДУИ и затоа треба и се каже ДА на партиската, националната, домашната и европската историја.