20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација / Pixabay
СВЕТ

По верижен судир, изгоре автомобил, еден возач хоспитализиран

Еден возач беше итно пренесен во најблиската болница по сообраќајната несреќа што се случи меѓу три возила во Загреб. По верижниот судир, еден од автомобилите се запалил, пренесува „24 сата.хр“. На местото на несреќата, покрај полицијата, итно беше повикана и противпожарна екипа.

Од силниот удар еден од автомобилите беше превретн наопаку.

Според неофицијални информации во медиумите, полицијата недалеку од местото на несреќата го нашла возачот, чиј автомобил по ударот се запалил.

Поради прибирањето докази, кое траеше неколку часа, затворен беше и булеварот на кој се случи несреќата.

Истрагата, соопштија од полицијата за тамошните медиуми, и натаму е во тек, а по завршувањето, ќе се знаат причините поради кој дошло до судирот.

Медиумите се обиделе да дојдат и до информации за здравствената состојба на возачите, меѓутоа таа засега е непозната.

Спонзорирано: