17.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Џонсон: Излезете и искористете го своето право да гласате на референдумот

Американскиот сенатор Рон Џонсон ги повика граѓаните да илезат да гласаат на референдумот на 30 септември. Дајте им до знаење на вашите лидери дека ја поддржувате вашата нација и чекорењето на земјата на патот кон евроатлантските интеграции, порача Џонсон по средбата со премиерот Заев.

-Исклучително важно е за Македонија и Грција да го решат спорот за името. Имаме двајца храбри лидери, двајца премиери, кои се најдоа во тешка позиција. Ние сакаме да го поддржиме решението на овој проблем и тоа е единствениот начин Македонија да влезе во НАТО. Би сакал Македонија да стане 30-та членка на НАТО. Тоа е многу важно за НАТО и за безбедноста на балканскиот регионот и на Македонија. Ги охрабрувам сите Македонци да излезат да гласаат на референдумот, без разлика дали се согласуваат или не со договорот, мора да излезете да гласате и да им покажете на вашите лидери што чувствувате, рече Џонсон.

Сенаторот се сретна и со претседателот на Собранието Талат Џафери. На средбата се разговарало за претстојниот референдум, а Џонсон ја изразил поддршката на Соединетите Американски Држави, подвлекувајќи дека членството во НАТО ја гарантира безбедноста на Република Македонија, а со тоа се поттикнува растот на економијата, што всушност е и примарната цел, информираа од собраниските служби.