8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Американскиот сенатор Рон Џонсон денеска на средби во Скопје

Американскиот сенатор Рон Џонсон, кој во Сенатот предложи резолуција за поддршка на Договорот од Преспа, денеска во Скопје ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери и останатите лидери.

Републиканецот од Висконсин е претседавач на Комитетот за национална безбедност и владини работи и на Поткомитетот за европска и регионална безбедносна политика. Важи за близок соработник на претседателот Доналд Трамп, задолжен за специјални мисии.

Сенаторот Џонсон доаѓа во Скопје по посетите на германската канцеларка Ангела Меркел, австрискиот канцелар Себастијан Курц и Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во пресрет на референдумот за името на 30 септември.