8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Паднал на улица, а луѓето го снимале наместо да му помогнат

Реакцијата на луѓето кои се нашле во близина на момче кое паднало пред ноќен клуб можеби најдобро покажува во каков свет живееме.

Кога младиот татко, Џејмс Сканлон (25), паднал на улица пред ноќен клуб поради срцев застој, таму останал да лежи цели 20 минути. Луѓето околу него, наместо да му помогнат, почнале да го снимаат со мобилни телефони.

Никој не му пружал прва помош додека не стигнала Итната помош, па морале да го оживуваат на лице место, пишува Метро.

Џејмс, кој инаку живее во британски Ландаф, за среќа преживеал, но три дена останал во кома и има среќа што нема трајни оштетувања на мозокот.

„Ми кажаа дека присутните снимале со мобилни телефони, но тоа изгледа е проблем на генерацијата во која живееме. Штом видиме нешто необично тоа е прва работа која ќе ја направиме. Всушност тоа е многу тажно. Видеото заврши дури и на Фејсбук, но набрзо беше отстрането“, раскажал тој за Метро.

Спонзорирано: