8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Стоилковски: Анѓушев да каже дали доби пари за прифаќање на грчките позиции за името

Со секој изминат ден сè повеќе се наметнува дилемата дали договорот со Грција и распродажбата на државните и национални интереси е параван за личното богатење на Зоран Заев и криминалниот картел околу него, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој истакна дека во медиумите во Грција се отворил политички скандал дека парите за компанијата на Кочо Анѓушев се всушност пари дадени од грчката влада за прифаќање на погубниот договор за Северна Македонија.

„Доминантно државната компанија која издвои 5 милиони евра за Анѓушев подолго време била во сериозна економска криза, неколкупати пред банкрот, со неисплатени плати за работниците, со нефункционални кредити, без евро за инвестиции за одржување и модернизација. Дури и трагедијата летото со пожарите се поврзува со неодржувањето на каблите од електричната мрежа на оваа компанија во Грција“, кажа Стполковски.

Тој додаде дека според медиумите, парите за Анѓушев биле префрлени, што е возможно само со владина одлука од Владата на Република Грција, на компанијата којашто потоа ги префрлила парите за Анѓушев.

Во овој контекст, портпаролот на опозициската партија јавно праша дали Анѓушев и Заев свесно дозволиле ваква трансакција во ек на преговорите, во период кога и опозицијата и преговарачот именуван од претседателот на државата биле исклучени од преговорите.

Стоилковски потсети дека при најавата за продавање на компанијата на Анѓушев, од ВМРО-ДПМНЕ предупредиле дека е мошне симптоматично што фирмата на Анѓушев станала интересна за грчкото електростопанство во време кога се засилиле преговорите со Грција, а Заев станал убеден дека ќе го реши името.

Спонзорирано: