17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Судот бара да биде разрешен Александар Даштевски зошто Комисијата утврдила дискриминација на судијката Кацарска

Кривичниот суд до Собранието пред три дена доставило иницијатива за разрешување на Александар Даштевски, претседателот на Комисијата за заштита од дискриминација, за нестручно и несовесно работење.

Причината за ваквото барање е известувањето од Комисијата до судот, за утврдена дискриминација на обвинетата Гордана Јанкулоска, во предметот “Тенк” од судијката Добрила Кацарска.

Претседателот на судот, Иван Џолев, рече дека тоа е преседан и апсурд во судската пракса, Комисија да утврдува дискриминација на судија.

“Не може судот да генерира дкскриминација”, рече Џолев пред новинарите. Претставката, според Џолев, требало да ја испратат до Судскиот совет.

Спонзорирано: