20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Мистериозни снимки: Големи бродови се појавиле среде пустина (Видео)

Од желба да дознаат повеќе историски факти за Казахстан, научниците почнале да се занимаваат со овој регион, а прво почнале од снимките од времето на Студената војна.

На фотографиите кои ги снимил сателитот Quickbird, забележани се четири огромни бродови среде пустина. Научниците не можеле да објаснат како пловилата се насукале и како се задржале тука.

„Тешко е да го игнорирате она што се случува на сликата. Во огромната пустина нема вода, но сепак на сред пустината, се наоѓа флота бродови. До пустината најблиску е Аралско езеро, но со километри е оддалечено од тука“, рекол канадскиот истражувач Џорџ Куроунис.

Биологот Роналд Кајс истакнува дека не станува за збор за мали бродови, туку за енормно големи.

Со нив се сложува и истражувачот Ник Мидлтон кој објаснил „дека се прилично големи пловила кои можат да пловат во длабоки води, но нејасно е како и зошто со километри се оддалечени од било каков извор на вода“.

Токму кога бродовите во пустина во Казахстан станале мистерија за научниците, сателитските снимки од ова подрачје од времето на Студената војна ги даваат сите одговори.

Имено, Аралското езеро одамна се простирало и до оваа област, поради што бродовите биле прекриени со вода.

Со децении наназад се сметало дека „исчезнале и повторно се појавиле на друго место“.