24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Чопор лавици растргнале лав (Видео)

Чопор од девет лавици нападнал мажјак во Вест Мидлендс Сафари Парк во Англија, а посетителите останале зачудени и го снимиле настанот.

Работниците во паркот морале да притрчаат и да му помогнат на лавот лидер на чопорот, кого женките одлучиле да го симнат од владарската позиција во чопорот, па немилосрдно го нападнале.

Една од можностите е дека лавиците процениле дека лавот е престар да биде лидер, па одлучиле да го убијат.

Сепак, сведоци велат дека лавиците влегле во конфликт со лавот поради храна.

За среќа, спасот за лавот дошол брзо, и тоа во вид на џипови кои направиле бука и ги избркале лавиците, а вработените во паркот користеле и водени топови.

https://youtu.be/82lIS5xlsD8