20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Народот на една од водечките земји во ЕУ најмногу стравува од политиките на Трамп

Последиците од надворешната политика на американскиот претседател, Доналд Трамп, предизвикуваат најголем страв меѓу Германците, според истражувањето на осигурителната компанија R+V, објави германскиот весник „Велт“.

Повеќе од две третини од Германците, односно 69 проценти, сметаат дека политиката на Трамп е конфузна и непредвидлива и може да го направи светот многу поопасен.

„Немилосрдната политика на Трамп дека Америка е на прво место, неговиот агресивен став во врска со меѓународните договори и не помалку агресивен став за надворешната трговија и безбедност, плаши најголем дел од германската популација“, објаснува истражувачот, Манфред Смит.

Германците исто така подеднакво се загрижени за масовните миграции и социјалните тензии што тие би можеле да ги создадат, па така овие стравувања се нашле на второто и третото место во годинашното истражување.

Исто така, присутен е и сомнежот дека германските политичари не можат да се справат со проблемите со кои се соочува земјата. Поради серијата терористички напади што ја потресоa Европа изминатите години, стравот од тероризам беше прв во анкетата, но оваа година е на петтото место.

Спонзорирано: