11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германија и Турција мора да ги зајакнат односите, изјави Мас

Турција и Германија имаат силна волја за зајакнување на билатералните односи, изјави министерот за надворешни работи на Германија.

Хаико Мас во низа твитови посочи дека Турција е сосед и значаен партнер на Германија.

„Нашата заедничка желба е да ги зајакнеме односите“, изјави министерот кој се надева дека неговата посета во Турција ќе придонесе за подобрување на билатералните односи.

Мас спомена и дека Геманија е загрижена во врска со „некои процеси, поконкретно за човекови права“ во земјата и додаде дека ова прашање ќе биде отворено за време на средбите.

„Мора да истакнеме дека нашите осноси со Турција се интензивни и мора да продолжиме да се залагаме за да ги подобриме и зајакнеме дополнително“, додаде Мас.

Во последните две години политичките односи помеѓу Анкара и Берлин не беа на завидно ниво, но во изминатите неколку месеци двете страни преземаат мерки за да ги зајакнат врските.

Во склоп на неговата посета, Мас ќе се сретне со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, како и претседателот на турскиот парламент, Бинали Јилдирим.

По овие средби, Мас ќе замине во посета на Истанбул каде ќе се сретне со својот колега Мевлут Чавушоглу, со кого ќе присуствува на церемонија за обележување на 150-годишнината на Германското училиште во Истанбул.

Дводневната посета на Турција на Мас ќе ѝ претходи на посетата на Ердоган во Берлин на 28-29 септември.

Спонзорирано: