12.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Договорот со Грција ги заштитува македонскиот идентитет и јазик

Време е ВМРО-ДПМНЕ да се надмине себеси и наместо да шири невистини, да се вклучи во процесите за членство на Македонија во ЕУ и НАТО, велат во соопштение од владејачкиот СДСМ.

Оттаму додаваат дека иднината на Македонија и нејзините граѓани се над сите политички партии и дека влезот во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет е многу поголемо прашање од дневно-политичките полемики.

„Не е точно дека со постигнатиот Договор со Грција се загрозуваат македонскиот идентитет и македонската посебност. Не е точно ниту дека се бришат поимите Македонија и македонски. Напротив, со Договорот термините Македонец, македонската, македонски се трајно заштитени и никој повеќе нема да може да ги негира или оспорува“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ додаваат дека според членот 7 од Договорот, македонскиот идентитет ги отсликува територијата, јазикот, народот, со сите атрибути, со своја историја, култура и наследство.

Спонзорирано: