21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британската двојка била отруена со новичок, покажаа тестовите

Лабораториските тестирања потврдија дека двојката во британскиот град Ејмсбери била изложена на нервниот гас новичок, соопшти Организацијата за забрана на хемиско оружје.

Од организацијата е соопштено дека анализа од примерокот што го земал нивниот тим се потврдуваат наодите на Велика Британија во врска со идентитетот на токсичната хемикалија, пренесе „Ројтерс“.

Дон Старџес почина откако таа и нејзиниот партнер биле изложени на отров во близина на Солзбери, каде во март со истиот агенс беа отруени рускиот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.

Британија ја обвини Русија дека стои зад труењето на Скрипалови, што Москва го негира и ги отфрли наводите за каква било вмешаност.