6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лавров: САД сакаат да создадат „опаснo жариште“ во Украина

Целта на САД во Украина е да создадат „опасно жариште” на тензии на границата со Русија, рече рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Според него, предлогот на американскиот специјален пратеник за Украина, Курт Вокерс, да распореди воен контингент на ОН од 30 000 или 40 000 војници во Донбас значи окупација на тој регион.

Како што рече, договорот од Минск предвидува многу пошироки мерки од одржување на изборите, а со акциите е предвидено на Донбас да му се даде посебен статус и да се спроведува амнестија за граѓаните.

Во исто време, тој рече дека Франција и Германија треба да имаат поактивна улога во решавањето на проблемот на Украина како членки на Нормандиската група.

Спонзорирано: