9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кирацовски му оддржа лекција на Јанушев во Топ Тема: Македонија добива поддршка, помош и подадена рака од двата најголеми и најсилни сојузи во светот, НАТО и Европската Унија!

Светот ја поддржува Македонија. Македонија добива поддршка, помош и подадена рака од двата најголеми и најсилни сојузи во светот, НАТО и Европската Унија, порача Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ на дебатата на ТОП ТЕМА, образложувајќи ги придобивките од успешен референдум и влез на Македонија во евро-атланските структури.

– Светот ја препозна промената и ни даде шанса како никогаш до сега.
Со договорот се отворија вратите за нашето полноправно членство во НАТО и за почеток на преговори за членство во ЕУ, му порача Кирацовски на Јанушев од ВМРО ДПМНЕ.

– Земјите членки на двата најголеми сојузи сакаат да ја видат Македонија рамноправна, со право на глас во семејството на западните демократски држави.

Стануваме дел од семејства кои ја гарантираат нашата стабилна и сигурна иднина.

НАТО и ЕУ се семејства на здружени партнери со кои ја гарантираме иднината на нашите деца.

Оваа подрршка е признание за нашата посветена работа, повеќе од две децении.

Ние сме подготвени да дадеме позитивен пример во регионот и светот тоа го цени.

Заедно работиме за да Република Македонија, ѕвездата на Балканот, биде нова голема надеж за регионот и Европа, порача Кирацовски.

Спонзорирано: