17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Важна вест за возачите – овој патен правец е затворен за сообраќај

Поради одржување спортска манифестација организирана од општина Валандово, сообраќајот на патот Удово – Валандово е во прекин од 8:45 часот, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Оттаму соопштуваат дека сообраќајот ќе се пренасочува по автопатот.

Од АМСМ додаваат и дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Спонзорирано: