5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Без струја корисници и деловни објекти во неколку скопски населби

Без електрична енергија, денеска, ќе останат делови од Пинтија, Чојлија и селото Јурумлери.

Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на известување од „ЕВН Македонија“, информира дека од 8.30 до 10.30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата 1513 во населбата Пинтија, а од 8.30 до 15 часот објектите на „Тинекс“ и „Макпетрол“ во населбата Чојлија.

Од 9 до 12 часот без електрична струја ќе бидат корисниците од улицата 10 во селото Јурумлери, а од 8 до 12 часот корисниците од целата улица Мајаковски во општина Центар.