30.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Француски рибари со димни бомби нападнале британски бродови кај Нормандија

Француски рибари фрлале димни бомби кон британски бродови во морето кај Нормандија поради конфликт околу ловот на школки, објави „Скај Њуз“.

Вчера медиумите објавија снимки од конфликтот. На нив се гледа како француските рибари фрлаат димни бомби врз Британците, додека бродовите се удираат еден во друг, а рибарите се гаѓаат и со камења.

https://www.youtube.com/watch?v=SPMC8vUIld0

Околу 35 француски бродови нападнале пет британски, во морето богато со школки, каде што Британците имаат дозвола за риболов скоро цела година. Поради правилата наметнати од Франција, француските рибари можат да ловат школки само од 1 октомври до 15 мај.

Французите ги обвинуваат Британците за уништување на залихите на школки и изјавија дека бараат и за нив да се примени истото временско ограничување за лов.

Бери Деас од Британската национална федерација за рибарство изјави: „Ги советуваме сите страни да останат смирени, бидејќи снимките покажуваат многу опасни постапки од страна на некои рибари. Ние разговаравме за ова прашање со Владата и побаравме заштита на нашите бродови кои легално си ловат“.