20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Синоптичарите излегоа со нова прогноза: Еве какво ќе биде времето наредниве денови

Времето утре ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 7. Дневната температура ќе се движи од 25 до 33 степени.

До петок ќе се задржи постабилно и сончево време со пораст на дневните темератури.

Во петок ќе биде топло, а најпрвин во западните делови се очекуваат врнежи од дожд проследени со грмежи. Услови за повремен дожд ќе има и во сабота на повеќе места, но без позначителен интензитет.

Спонзорирано: