20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

На работник наместо 5.000 му уплатиле 500.000 долари

Работник во Австралија добил плата стотина пати поголема од нормалната, а како што пишува Би-Би-Си, причината е запирка која во сметководство ја ставиле на погрешно место.

Среќниот работник требало да добие плата од 4.921,76 австралиски долари, а по грешка му биле уплатени 492.176 долари.

Овој чесен работник одолеал на искушението и ја вратил разликата. Според извештајот кој го објавиле властите се работи за две грешки, една е погрешен внес на податоци, а другата нереагирање на предупредувањето кое системот го дава по автоматизам.

Интересно е дека ова е една од 743 погрешни уплати во северниот дел на Австралија од јули 2017 година до јануари 2018 година, а 767.000 долари се уште не се вратени.

Спонзорирано: