11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Автобус полн со туристи се судри со комбе пред Солун – патниците ги ваделе пожарникари

Автобус од Србија полн туристи се судрил со комбе во близина на Солун. Според информациите, набрзо на местото на инцидентот пристиннале пожарникари кои ги ваделе патниците преку прозорците на возилото.

Грчките медиуми известуваат дека во автобусот се превезувале 48. патници, но повредени биле само двајцата возачи на автобусот, од кои едниот бил пренесен во болница.

Претседателот на националната асоцијација на туристички агенции на Србија, Александар Шеничиќ изјави дека ситуацијата не е сериозна и дека била решена на самото место, додека од Конзулатот на Република Србија во Солун соопштија дека не биле контактирани од патниците лично, но дека се известени дека во инцидентот нема смртни случаи.

„Се што знаеме, знаеме од медиумите, а тоа е дека сите се здрави и дека нема загрозени животи.“ – велат од конзулатот на Србија.

Сообраќајната несреќа се случила околу два часа по полноќ на патот Атина-Солун, а крајната дестинација бил островот Евија. Истрагата е во тек за утврдување на причините за инцидентот.

Спонзорирано: