-До крајот на годината, Министерство за труд и социјална политика ќе отвори 24 нови градинки за згрижување деца во руралните места, а воспитувачите ќе добиваат повисока плата.
Владата за оваа година инвестира 44% повеќе средства за разлика од лани, за отворање на нови градинки. Речиси половина од буџетот кој изнесува 41,6 милиони денари, веќе е реализиран.
Досега, 11 од објектите се веќе отворени и имаат капацитет за над 600 деца. Дополнително обезбедени се и 86 вработувања. Останатите 13 градинки е планирано да профункционираат до крајот на 2018 година, со вкупен капацитет за 682 деца и 97 нови вработувања, објави премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.